Клинтон: Никој не го сака Сандерс, но императив е Трамп да оди во пензија

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, најави поддршка за секој претседателски кандидат кој ќе биде номиниран од демократите.

Во новиот документарен филм „Хилари“ поранешната американска државна секретарка го опишува Берни Сандерс како личност кого никој не го сака и ниту сака да работи со него.

Својот некогашен ривал во борбата за демократска номинација во 2016 година, кого тогаш го победи, за потоа да изгуби на претседателските избори од Трамп, го опиша со зборови кои предизвикаа лавина од коментари.

Хилари Клинтон на Берлинскиот филмски фестивал каде го промовира 4-часовниот документарен филм „Хилари“, кој премиерно ќе се прикажи во март, изјави дека главен приоритет на годинашните претседателски избори на 3 ноември е да се победи Доналд Трамп.

„Ќе почекам да видам кој ќе биде номиниран од Демократската партија, но ќе го поддржам номинираниот кандидат и не се изненадувајте кога ќе кажам дека е императив актуелниот претседател да се испрати во пензија“, рече Хилари Клинтон.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе