Градоначалникот на Киев

Кличко за Билд: Се спремаме за тоа дека Путин би можел да даде наредба за војна

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ја повика меѓународната заедница на поддршка и воена помош на Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.

EPA-EFE

„Ние во целата земја се подготвуваме за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да даде наредба за војна“, напиша Кличко во колумна објавена во германскиот весник Билд.

Поранешниот првак на светот во бокс наведе дека како војник некогаш дал заклетва дека ќе ја брани земјата и вели дека е спремен да се бори за својата татковина.

Напиша дека како градоначалник на главниот украински град ја организира цивилната заштита, и дека неговите градски власти веќе почнале со интензивирање на регрутацијата и обуката на резервистите на територијалната одбрана.

„Ние сме европска земја на која повеќе од кога било ѝ е потребна европска поддршка“, заклучи Кличко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе