Клеман Бон: Не сакам да им се продаваат лаги на Украинците, не можат веднаш да влезат во ЕУ

Најверојатно ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во Европската Унија, рече францускиот министер за европски прашања, препорачувајќи Киев во меѓувреме да се приклучи на европската политичка заедница, како што предложи претседателот Макрон.

Фото: ЕПА

„Треба да се биде искрен, ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за шест месеци, година или две, се лажеме, тоа не е точно. Поверојатно тоа ќе се случи за 15 или 20 години а тоа е многу долг период“, рече Клеман Бон.

„Не сакам на Украинците да им се продаваат илузии и лаги. Ако на нив им се каже „Добре дојдовте во ЕУ“ но не сте ги прочитале ситните букви на дното на договорот, а тоа е всушност за 15 години, мислам ќе разочараме цела генерација Украинци, им должиме на Украинците политички проект во кој можат да влезат“, рече Бон.

Европската политичка заедница, предложена од претседателот Макрон е „комплементарна на ЕУ“ и „може да понуди политички и конкретен проект на земјите кои не се во срцето на Европската Унија а сакаат да се доближат до неа“, рече тој.

„Но, тоа не значи дека вратата е затворена, напротив, таа е отворена“, рече Бон, укажувајќи на придобивките како што се слободното движење во Европа и делумните придобивки од европскиот буџет за реконструкција на Украина или можеби заедничката енергетска политика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе