Ќерката на Путин ја презеде главната улога во замената на странските стоки

Најмладата ќерка на претседателот Владимир Путин, Катерина Тихонова, е назначена да ја надгледува руската програма за замена на увозот во една од главните деловни лоби-групи, објави во средата веб-страницата РБЦ.

Фото: скриншот

Западните санкции и излегувањето на западните компании по инвазијата на Украина значат дека Русија доживеа колапс во увозот и се соочува со недостиг од клучни стоки.

Руската унија на индустријалци и претприемачи (РСПП) ја назначи технолошката извршна директорка Тихонова за копретседател на својот координативен совет за увозна замена, објави РБЦ, повикувајќи се на документи што го потврдуваат назначувањето.

Портпаролот на РСПП, најмоќната руска деловна лоби-групација, го потврдил за РБЦ назначувањето на Тихонова.

Новиот совет, со кој претседава шефот на РСПП, Александар Шокин, наводно има задача да подготви законски предлози, да создаде дигитални услуги и да ги нагласи најдобрите практики во обидите на Русија да ја намали својата зависност од стоки произведени од странство.

Рускиот увоз падна на најниско ниво за две децении во месеците по инвазијата на Украина и оттогаш покажува малку знаци на закрепнување, вели Москва тајмс.

Централната банка минатата година соопшти дека речиси две третини од руските бизниси се потпираат на увоз. Од почетокот на нападот врз Украина во февруари, има редовни извештаи за недостиг од снабдување.

Путин, кој никогаш не потврдил ниту негирал дека ѝ е татко на Тихонова, претходно оваа година ги повика властите да ја засилат замената на странски стоки. Но тој исто така рече дека увозната замена „не е лек“.

САД и нивните сојузници во април ги санкционираа Тихонова и нејзината сестра Марија Воронцова како дел од одговорот на руската инвазија на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе