Ќерката на градоначалникот на Њујорк уапсена додека протестирала во Менхетен (ВИДЕО)

25-годишната ќерка на градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, била уапсена за незаконско собирање во саботата вечер, според Канцеларијата на заменик-комесарот за информации од јавен карактер. Кјара де Бласио била присутна на протестите во центарот на Менхетен.

Фото: Твитер

Њујорк пост добил извештај од апсењето во кој се вели дека одбила да ја напушти улицата во Менхетен за која полицијата наредила да биде расчистена бидејќи луѓето фрлале работи.

На Кјара де Бласио, која е црна, подоцна ѝ била дадена покана за суд и била ослободена.

Градоначалникот Бил де Бласио, кој е бел, за новинарите изјави: „Таа беше многу јасна дека верувала дека ги следи инструкциите на полицијата и дека го прави она што барале... апсолутно, беше многу јасна дека мирно протестирала, не правејќи ништо што би предизвикало негативен одговор“, рече Де Бласио.

Тој додаде дека ѝ се восхитува на мирниот обид да смени нешто за што смета дека е неправедно.

„Многу ја сакам ќерка ми, верува дека се потребни многу промени. Горд сум на неа што се грижи толку многу и реши да излезе и да направи нешто околу тоа“.

Нејзиното апсење е едно од стотиците апсења на протестите во градот за време на викендот, пренесува Си-би-ес Њујорк.

Протестите на кои присуствувала Кјара се едни меѓу безбројните во целата земја поради фаталното апсење на Џорџ Флојд.

Додека многу други градови како одговор на протестите наметнале полициски час Бил де Бласио инсистирал дека на Њујорк не му треба.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе