Кит излегол од вода и удрил во брод во близина на брегот на САД (ВИДЕО)

Грбав кит излегол од морето и „рипнал“ на предната страна на брод во близина на брегот на Плимут во Масачусетс. Средбата на китот и бродот во неделата била снимена со камера и набрзо стана главна вест на американските медиуми.

Скриншот Јутјуб

Чед Хантер, капетан на пристаништето Плимут, кажал дека блиската средбата со китот се случила околу 10 часот во близина на плажата Бел коњ. Китот предизвикал помала штета на прамецот, но бродот успеал да се врати до пристаништето. Капетанот на бродот кажал дека нема повредени.

„Бродот се најде во погрешно време на погрешно место. Ова можеше да помине многу полоши за луѓето на бродот. Децата сакаат да се наведнуваат преку страната на бродот за да ги гледаат рибите па навистина е среќа што никој не е повреден. Нешто вакво е многу ретко и опасно за наутичарите“, кажа Хантер.

Луѓе кои со години ловат риби кај брегот на Плимут и добро ја познаваат областа кажале дека никогаш не виделе нешто вакво.

„Китот скокна од морето, се слушна удар. Лудо... Китот заврши на прамецот на бродот. Не можев да верувам дека бродот можеше да продолжи да плови“, коментирал еден од сведоците.

Капетанот на пристаништето забележал дека вчера во таа област имало многу бродови за рекреациски риболов. Мамците кои риболовците ги употребуваат, според него, ги привлекле китовите.

„Китовите беа таму три дена, исто колку и риболовците. По блиската средба на китот и бродот знаеме дека тоа може да биде проблем. Китовите се прекрасни суштества, но луѓето треба да се држат подалеку. Тие се сепак диви животни“, кажал капетанот.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе