вторник, 23 април 2024

Додик: Бошњаците го урнаа позитивниот напред на БиХ, покажаа дека не сакаат да живеат со нас

Претседателот на Република Српска Милорад Додик истакна дека Бошњаците со резолуцијата за Сребреница го срушиле позитивниот напредок кој го остварила Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ, хрватскиот член на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и министерот за надворешни работи на БИХ Елмедин Конаковиќ, како и останатите босански муслимани, „ги впрегнаа сите ресурси и сили да покажат зошто Србите не можат да живеат со Бошњаците и дека единствената опција е мирно разидување“, оцени Додик на социјалните мрежи.

Тој истакна дека БиХ која тие ја претставуваат е „плод на нивната фантазија, таа не постои, според тоа и сè што прават нема никакво значење ни за Република Српска ни за БиХ ако е уставна и дејтонска“.

Додик кажа дека тие ги претставуваат своите политики, што, истакна, повторно нема никакво значење, бидејќи нивниот капацитет за носење какви било одлуки во БиХ е рамен на нула.

Додаде дека, ако БиХ е држава, тоа што го прават веќе би било казнето.

„Меѓутоа, БиХ е прилепен проект на меѓународната заедница. Според тоа, ништо што прават тие нема значење ако не постои согласност на претставниците на трите конститутивни народи“, наведе Додик.

Претседателот на Република Српска кажа дека за градење унитаристички проект добиле поддршка од неколку големи и моќни земји, кои ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница за на муслиманите во БиХ да им испорачаат нивна државичка во која ќе нема Срби и Хрвати.

Додик истакна дека донесувањето резолуција за Сребреница е неспоиво со продолжување на постоењето на Босна и Херцеговина и дека тоа треба да го знаат сите кои поддржуваат такво нешто.

„Ние не сакаме ништо туѓо и не можеме да живееме со оние кои работат против нас. Време е секој да тргне по својот пат. Босанските муслимани веќе тргнаа“, истакна Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ