Кинескиот претседател: Треба да изградиме отворена светска економија

Претседателот на Кина Си Џинпинг го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и улогата на Г-20 во глобалното економско управување, оценувајќи дека заздравувањето од пандемијата на коронавирусот е прилично неизвесно.

Фото: ЕПА

Говорејќи на виртуелната седница на Светскиот економски форум, која традиционално се одржува во швајцарскиот скијачки центар Давос, Си рече дека глобалните економски перспективи остануваат неизвесни и предупреди дека во иднина може да се повторат кризите во јавното здравство.

Си, кому ова му е прво обраќање на форумот од 2017 година, кога силно ја поддржа слободната трговија и глобализацијата, овој пат испрати слична порака, залагајќи се за мултилатерализам како излез од сегашните предизвици.

„Треба да изградиме отворена светска економија, да ги отфрлиме дискриминаторските и ексклузивни стандарди, правила и системи и да ги срушиме бариерите за трговијата, инвестициите и размената на технологија“, рече тој.

„Г20, меѓународниот форум што ги обединува 19-те најголеми економии во светот и земјите во подем и Европската Унија, треба да зајакне како голем форум за глобално економско управување и светот да биде подобро координиран во макроекономската политика“, додаде тој.

Меѓународната заедница треба да се управува според правилата и консензусот на сите земји, а не една или неколку од нив да издаваат наредби, заклучи тој без да именува ниту една земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе