Кинески политичар удри по Г7: Спорна фотографија и јасна порака (ФОТО)

Жао Лиџијан, кинески политичар и заменик директор на Одделот за информирање на кинеското министерство за надворешни работи, го критикуваше на Твитер самитот на индустриски најразвиените западни земји Г7.

EPA-EFE

Тој сподели фотографија на која ги споредува двете групи на моќни земји БРИКС и Г7. Во постот кој го сподели на горната фотографија се лидерите на државите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, а во долниот дел фотографија од неодамна одржаниот самит на Г7 во Германија, на која се лидерите на Германија, Франција, САД, Канада, Британија, Италија и Јапонија.

Во описот на постот е наведено: „Значи, следниот пат кога зборуваат за „меѓународна заедница“, знаете на што мислат...“

Кај сликата на лидерите на БРИКС стои дека тие претставуваат 3,2 милијарди луѓе, додека кај фотографијата од самитот Г7 е наведено дека тие застапуваат само 777 милиони луѓе. Разликата е прилично значајна.

Битно е да се истакне дека ниту една држава од БРИКС не е членка на Г7, односно економската и политичка група на „седумте индустриски најразвиени земји во светот“, која не ги вклучува некои од најголемите пазари и најголеми економии во светот.

Постот очигледно има намера да се потсмева со неодамна одржаниот самит на Г7 и одлуките донесени на него. На кинескиот политичар очигледно му пречи тоа што лидерите на земјите од Г7 се претставуваат како носители на битни одлуки на глобално ниво, иако застапуваат интереси на значително помал број луѓе од БРИКС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе