Кинески носач вплови во Тајванскиот теснец неколку часа пред разговорот Бајден-Си

Кинески носач на авиони денеска пловел низ деликатниот Тајвански теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана, само неколку часа пред да разговараат кинескиот и американскиот претседател.

Фото: ЕПА

Носачот Шандонг пловел блиску до островот Кинмен, контролиран од Тајван, кој се наоѓа директно спроти кинескиот град Сиамен, пренесе Ројтерс.

„Околу 10:30 часот ЦВ-17 се појави на околу 30 наутички милји југозападно од Кинмен и беше фотографиран од патник на цивилен лет“, рекол изворот на Ројтерс.

Авионот УСС Ралф Џонсон, разурнувач со наведувани ракети Арли Бурк, го следел носачот на барем дел од неговата рута. Шандонг немал авиони на палубата и пловел на север низ теснецот, додал изворот.

Тајван, исто така, испрати воени бродови за да ја следат ситуацијата, рекол изворот.

Тајванското Министерство за одбрана, во кратка изјава, го потврди преминувањето на Шандонг, но не даде други детали освен дека нивните сили „комплетно го сфаќаат“ тоа што го прават кинеските бродови и авиони во Тајванскиот теснец.

Портпаролот на американската морнарица потполковникот Марк Ленгфорд рече дека бродот Ралф Џонсон „извршил рутински транзит низ Тајванскиот теснец на 17 март (по локално време) низ меѓународните води во согласност со меѓународното право“. Тој не даде детали.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан рече дека Шандонг имал „рутински распоред на обука“.

„Не треба да го поврзуваме ова со комуникацијата меѓу шефовите на државите на Кина и САД. Можеби мислите дека ова е премногу чувствителна тема. Она што е чувствително сте вие, а не Тајванскиот теснец“, им рече Жао на новинарите во Пекинг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе