Кинеската војска одржа воена вежба во близина на Тајван (ВИДЕО)

Кинеската армија објави дека извела вежба на воената готовност во насока на Тајванскиот Теснец, откако министерството за одбрана ја осуди посетата на американска и европска делегација на Тајван.

EPA-EFE

Патролата на војската била насочена на „сериозно погрешните“ зборови и дејства на „релевантните држави“ околу прашањето на Тајван, како и активностите на силите кои ја заговараат независноста на островската држава, соопшти портпаролот на кинеската војска.

Тензиите меѓу двете страни на теснецот растат во последните месеци. Тајван повеќе од една година се жали на прелетувања на кинески воени авиони во негова близина.

Тајванското министерство за одбрана кажа дека денес шест кинески авиони влегле на југозападот на неговата Идентификациска зона на противвоздушната одбрана, вклучувајќи четири авиони Ј-16 и два разузнавачки авиони.

Неколку тајвански медиуми јавија дека ненаведени членови на американскиот Претставнички дом и Сенатот стигнале во Тајпеј со воен авион. Тоа го соопшти и кинеското министерство за одбрана.

„Силно се противиме и го осудуваме тоа“, истакна Пекинг.

Делегациите на американскиот Конгрес често користат воени авиони за меѓународните патувања.

Пекинг минатата недела ја осуди посетата на европарламентарците на Тајван, кои истакнаа дека тоа не е провокација кон Кина, туку одлука донесена во интерес на европските граѓани.

Тајван во 1949 година го презедоа кинеските националисти на Чанг Кај Шег по поразот од комунистите на Мао Це Тунг во централна Кина.

Од тогаш има независна власт, но Пекинг и понатаму го смета за дел од својата територија, се противи на каков било официјален контакт на Тајпеј и меѓународната заедница и не отфрла дека воено ќе го освои.

Тензиите меѓу Пекинг од една и Тајпеј и западните земји од друга страна редовно растат поради летовите на кинеските воени авиони околу Тајван и минувањето на западните воени бродови во Тајванскиот Теснец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе