Кинеската економија заздравува, увозот и извозот пораснаа во септември

Увозот и извозот на Кина нагло се зголемија во септември, покажуваат податоците објавени денес од страна на царинската управа, кои навестуваат стабилизирање на заздравувањето на втората светска економија од ефектите на коронакризата.

Фото: ЕПА

Увозот скокнал за 13,2 проценти од истиот период минатата година, откако падна за 2,1 процент во август, што сигнализира закрепнување на трошењето и инвестициите на владата од кризата предизвикана од ковид-19. Извозот исто така се зголемил, за 9,9 проценти во споредба со септември минатата година.

Кинеските фабрики работат бидејќи Пекинг во голема мера успеа да го запре ширењето на коронавирусот додека САД и европските земји доживуваат втор голем бран на ширење на вирусот.

По повторното отворање на продавниците во март, кинеските производители имаа пристап до заеми за да ја надминат пандемијата. Кина извезува многу маски и медицинска опрема потребни низ целиот свет, како и потрошувачка електроника, која е особено барана стока за време на пандемијата.

Помеѓу јануари и септември, кинескиот извоз падна за благи 0,8 отсто, а увозот за 3,1 процент.

Во септември, кинескиот извоз во САД скокна 20,5 проценти, а увозот 24,7 проценти, во согласност со трговскиот договор со САД, со кој Пекинг се обврза дека во следните две години ќе купува американски производи и услуги во вредност од најмалку 200 милијарди долари повеќе од 2017 година.

Договорот ја прекина штетната трговска војна во која двете земји воведоа тарифи во вредност од милијарди долари, задушувајќи ја светската економија, потсетува дпа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе