ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ДОВЕРБАТА

Кина врши воени вежби со Русија во Калининград и со Иран во Ормускиот Теснец (ВИДЕО)

Кинеска поморска флота вчера ја одржа закажаната воена вежба со руската морнарица во Санкт Петербург и Калининград, како прва од планираните вежби годинава за да ја зајакнат соработката, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Во исто време, Иран и Кина учествуваат во заеднички вежби во стратегиски важниот Ормутски теснец.

Вежбата „Заедничко море-2017“ е е прва од многуте вежби што ќе се одржат кон крајот на јули во Балтичко Море, а во средината на септември во Јапонско и Охотско Море.

Кинеската флота, која испловила од провинцијата Хаинан во јужна Кина, се состои од ракетниот разорувач Чангша, ракетната фрегата Јунченг, брод за снабдување, хеликоптери што полетуваат од брод и маринци.

Кина и Русија се членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето и имаат слични ставови за многу важни прашања, како што е кризата во Сирија, што често ги доведува во судир со САД и Западна Европа, вели Ројтерс.

Тие претходно одржаа поморски вежби во оспореното Јужно Кинеско Море, на кое и Кина, Брунеи, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам сметаат дека полагаат право.

Ксинхуа вели дека темата на вежбите оваа година е „заедничко спасување и заштита на морските економски активности“.

Во исто време, Иран и кинеските воени сили учествуваат во заеднички вежби во стратегиски важниот Ормутски теснец. Овие поморски маневри се случуваат во екот на растечките тензии меѓу САД и Иран, додека Вашингтон се подготвува нова рунда санкции против Техеран.

Вкупно четири брода и два хеликоптери ги покажаа своите воени капацитети во неделата за време на денот на заеднички вежби во теснецот што го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив.

Кинеската флота, во која беа ракетниот разорувач Чанг Чун, бродот за снабдување Чао Ху, фрегатата Јин Жоу и еден хеликоптер, во четвртокот пристигна во јужното иранско пристаниште Бандар Абас. Во вежбата ѝ се приклучија ирански разорувач и хеликоптер.

Целта на вежбата, која била претходно испланирана, е да се промовира интеракцијата и зајакнувањето на довербата меѓу морнариците на двете држави, според кинескиот адмирал Шен Hao, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе