Кина сериозно им се закани на САД поради Тајван: „Можен е воен одговор“

Кина упати остри приватни предупредувања до Бајденовата администрација за можната посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван во август, објави во саботата Фајненшл тајмс, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Фајненшл тајмс се повикува на изјавите на шест лица запознаени со кинеските предупредувања односно заканите, истакнувајќи дека тие се значително посилни од заканите што Пекинг претходно ги упатувал кога не бил задоволен од американската политика или потезите кон Тајван.

Кина го смета Тајван за своја територија.

Приватната реторика сугерира дека е можен кинески воен одговор, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се неколку лица запознаени со ситуацијата.

Белата куќа, Советот за национална безбедност и Стејт департментот одбија да го коментираат извештајот, додека кинеското министерство за надворешни работи не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс во неделата.

Фајненшл тајмс во понеделникот објави дека Пелоси планира да го посети Тајван во август.

Кинеското министерство за надворешни работи следниот ден соопшти дека нејзината посета на Тајван сериозно ќе го поткопа кинескиот суверенитет и територијален интегритет и дека во тој случај САД ќе ги сносат последиците.

Во средата, американскиот претседател Џо Бајден рече дека планира да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг до крајот на месецот.

Бајден рече дека Пентагон не ја поддржува најавената закажана посета на Ненси Пелоси на Тајван и изрази сомневање дека Пелоси ќе го посети Тајван.

„Мислам дека војската смета дека тоа не е добра идеја во моментов, но не знам каков е статусот“, им рече Бајден на новинарите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе