Кина реагираше на пресвртот во стратегијата на НАТО

Официјален Пекинг реагираше на новиот стратегиски концепт на НАТО, во кој се истакнува дека „Русија и Кина користат економски притисок, присила и хибридни пристапи за да ги зајакнат своите интереси во светот“.

EPA-EFE

Пекинг новата стратегија на НАТО ја нарече неодговорна.

Шефот на кинеската дипломатија Жао Лиџијан кажа дека „таканаречениот документ на новиот стратегиски концепт на НАТО ги занемарува фактите“.

Лиџијан кажа дека новата стратегија „погрешно ја дефинира Кина како земја која претставува стратегиски предизвик“ и „погрешно ја толкува кинеската надворешна политика“.

Додаде дека новата стратегија на НАТО е „неодговорна, поттикнува конфликти и е полна со идеолошки предрасуди и размислување од Студената војна“.

Претходно неделава Кина го критикуваше вооружувањето на Украина од страна на Западот, истакнувајќи дека само го одолговлекува конфликтот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе