Кина прекинува низа активности со САД, како одмазда за посетата на Пелоси на Тајван

Кина ја прекинува соработката со Соединетите Американски Држави во низа области, вклучувајќи го дијалогот меѓу високите воени команданти и преговорите за климата, во знак на одмазда поради посетата на претседателката на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван, соопшти официјален Пекинг.

EPA-EFE

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека ја прекинува соработката со Вашингтон на спречување на прекуграничниот криминал и трговијата со дрога и на репатријацијата на нелегалните мигранти. Пекинг вкупно донесе осум различни мерки.

Кина со соопштение набрзо откако Пелоси замина од Јапонија ја откажа планираната билатерална средба за поморски воено-безбедносен механизам.

Пекинг претходно објави дека воведува санкции против Пелоси и нејзиното потесно семејство поради „злонамерното и провокативно дејствување“. Поради посетата на Пелоси на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, кинеската војска почна воени вежби од досега невидени размери со боева муниција во водите и воздушниот простор околу Тајван.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе