Кина предупредува дека ќе преземе остри мерки доколку Пелоси го посети Тајван

Кина предупреди дека ќе преземе остри мерки доколку претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси го посети Тајван и рече дека таквата посета сериозно ќе влијае на кинеско-американските односи, по извештаите во медиумите дека таа ќе оди таму следната недела, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Кина го смета демократски управуваниот Тајван за сопствена територија и е постојан извор на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, особено со оглед на силната американска воена и политичка поддршка за островот.

Можната посета не е потврдена ниту од канцеларијата на Пелоси, ниту од тајванската влада, но некои јапонски и тајвански медиуми објавија дека тоа ќе се случи откако таа ќе ја посети Јапонија овој викенд.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан, изјави за новинарите дека Пекинг силно се противи на сите форми на официјална интеракција меѓу Соединетите Држави и Тајван, а Вашингтон треба да го откаже патувањето.

Последиците од секоја посета ќе ги сносат САД, додаде тој, без да даде детали.

Во недела се одбележува 43-годишнината од американското потпишување на законот за односи со Тајван кој ги регулира врските во отсуство на официјални дипломатски односи и кој содржи американска обврска да му обезбеди на Тајван средства за одбрана.

Последен пат претседателот на Претставничкиот дом го посети Тајван во 1997 година, кога Њут Гингрич се сретна со тогашниот претседател Ли Тенг-Хуи.

Пелоси, долгогодишна критичарка на Кина, особено за човековите права, одржа виртуелен состанок со тајванскиот потпретседател Вилијам Лаи во јануари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе