Кина одржува воени вежба во близина на Тајван, за време на посета на американски дипломати на островот (ВИДЕО)

Кина соопшти денес дека изведува воени вежби околу Тајван, додека на островот престојува делегација на американскиот Конгрес, а потегот Народноослободителна војска го нарече одговор на „испраќањето погрешни сигнали“ од САД.

EPA-EFE

Кинеската војска денес испрати фрегати, бомбардери и борбени авиони во Источното Кинеско Море и регионот околу Тајван, кажа портпаролот на Командата за источната воена зона Ши Јилу.

„Оваа операција е одговор на неодамнешното често испраќање погрешни сигнали од Соединетите Американски Држави околу Тајван“, кажа Ши, не спомнувајќи ја посетата на американските дипломати.

„Лошите потези и трикови на САД се целосно залудни и многу опасни. Тие кои си играат со оган самите ќе се запалат“, порача тој.

За време на денешната средба со претседателката на Тајван Тсаи Инг Вен, американскиот сенатор Боб Менендез, претседателот на Сенатскиот одбор за надворешни работи, кажа дека Тајван е „земја од глобална важност“ и дека неговата безбедност влијае на светот.

Менедез е во група од шест американски пратеници кои се во посета на одметнатиот кинески остров.

Таквите посети и спомнувањето на Тајван како држава го загрижуваат Пекинг, кој ги отфрла таквите сугестии. Кина го смета островот за една од своите покраини.

Соединетите Американски Држави немаат формални односи со Тајван, но се негова најважна меѓународна поддршка и главен доставувач на оружје.

„Бидејќи Тајван произведува 90 отсто од светски врвни полупроводнички производи, тоа е земја од глобална важност и влијание, затоа е разбирливо дека безбедноста на Тајван има глобално влијание“, кажа Менендез.

Републиканскиот американски сенатор Линдзи Греам ѝ кажа на претседателката Тси дека војната во Украина и провокативното однесување на Кина го обединиле американското мислење на начин кој досега не е виден.

Ќе бидеме со вас. Да се напушти Тајван би значело да се напуштат демократијата и слободата “, кажа Греам.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе