Намалени испораките и за смартфони

Кина одби да ја снабдува Русија со делови за авиони

Кина одби да ѝ испорача на Русија делови за авиони, изјави портпаролот на Росавијација, пренесе Интерфакс. Тој изјави дека Русија ќе бара начин да набавува делови од други земји, вклучително и Турција и Индија.

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови за авиони, изјави Валериј Кудинов, шеф на одделот за пловидби за авионите на Росавијација. Според него, Русија планира да бара можности за снабдување со делови за авиони во Турција, Индија и други земји.

„Ѝ дадовме инструкции на самата авиокомпанија да утврди од каде има можност да ги набави овие резервни делови. Колку што знам, имаше таква информација дека тие се обратиле на пример во Кина, но Кинезите одбиле“, изјави Кудинов за новинарите.

„Ќе бараме можности преку други земји. Можеби преку нашите партнери - преку Турците, можеби преку Индија. Секоја компанија сама ќе си преговара - ние (Росавијација) едноставно ќе помогнеме да се легализираат овие резервни делови“, рече Кудинов.

На 26 февруари, Европската Унија воведе санкции со кои се забранува испорака на цивилни авиони и резервни делови за Русија, како и нивно одржување и осигурување. Дополнително, санкциите ги обврзуваат закуподавците да ги раскинат постоечките договори со авиокомпаниите до крајот на март.

Намалени испораките и на смартфони од Кина

И најголемите кинески производители на паметни телефони ги намалуваат испораките за Русија поради поевтинувањето на рубљата и поради западните санкции, и покрај притисокот од Пекинг, кој ја поддржува Москва.

Испораките најмногу ги намалиле Шаоми, Опо и Хуавеи. Обемот на испораките на овие компании е намален за најмалку половина од почетокот на руската воена операција во Украина, пишува весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на информирани извори. Информации за обемот на испораките во физичка или монетарна смисла не се дадени, но се забележува дека кинеските компании сочинуваат околу 60% од рускиот пазар на смартфони, вели Интерфакс.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе