Ракетата Долг марш 7 со товарното возило Тианџо 5 беше лансирана денеска од космодромот Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан и успешно слета на неодамна завршената вселенска станица Тиангонг два часа подоцна, соопштено е од кинеската вселенска програма.
Овој карго лет е дел од подготовките за историскиот чекор во кинеската вселенска програма: прва промена на екипаж во вселената.
Се очекува тројца астронаути - познати како тајконаути во Кина - да пристигнат на неодамна завршената вселенска станица до крајот на месецот, каде што ќе им се придружат на своите колеги Чен Донг, Лиу Јанг и Каи Ксуже.
Сегашниот екипаж треба да се врати на Земјата во декември. Тианџо 5 е десеттата мисија за изградба и набавки на вселенската станица.
Вселенската станица Тиангонг ги поддржува амбициите на Кина да стане вселенска сила и да ги достигне големите вселенски нации САД и Русија.