Кина ќе го нападне Тајван ако не може поинаку да ја спречи неговата независност

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да ја спречи неговата независност, предупреди денеска еден од главните кинески генерали, што претставува вербална ескалација кон демократскиот остров што Пекинг го смета за своја територија.

Фото: ЕПА

Говорејќи во парламентот по повод 15-годишнината од законот за борба против отцепување, Ли Зуошенг, началник на здружениот штаб и член на централното воено поверенство, ја остави отворена можноста за употреба на сила.

Тој закон од 2005 година е правна основа за воена акција против Тајван ако се отцепи или се обиде да го стори тоа. Бојното поле тогаш ќе стане Тајванскиот теснец.

„Ако не е можно мирно обединување, вооружените сили ќе ги преземат сите неопходни мерки заедно со целата нација, вклучително и народот на Тајван, за решително да спречат какви било сепаратистички планови или потези“, рече Ли.

Иако Кина никогаш не ја исклучи употребата на сила за да го врати Тајван под своја контрола, многу е ретко некој висок и активен воен службеник толку отворено да се заканува на јавен настан.

Изјавата на Ли е особено деликатна откако Кина го донесе новиот закон за национална безбедност во Хонг Конг.

Ли е еден од неколкуте кинески воени службеници со борбено искуство стекнато во кинеската инвазија во 1979 година во Виетнам.

Тајван за Кина е еден од најчувствителните територијални проблеми. Пекинг вели дека тоа е кинеска провинција и ја осудува поддршката на САД за островот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе