Си тоа му го кажал на Бајден за време на неодамнешната средба на маргините на самитот Г20 во Индонезија, објавено е на официјалната интернет страница на кинеското министерство за надворешни работи.
„Кинескиот лидер јасно даде до знаење дека прашањето на Тајван е клучен интерес на Кина, политичка основа и главната црвена линија која никој не може да ја премине“, се наведува во соопштението.
Ситуацијата околу Тајван ескалираше на почетокот на август, откако одметнатиот остров го посети претседавачката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси.
Кина ја осуди посетата, оценувајќи ја како поддршка на тајванскиот сепаратизам и по посетата одржа големи воени вежби во Тајванскиот теснец, практично опколувајќи го Тајван.
Пекинг не го признава суверенитетот на Тајван, го смета за своја покраина и инсистира политиката на „една Кина“ да се почитува во целиот свет.