„Ќе се преземат сите мерки за да се заштити суверенитетот“

Кина апелираше до САД да не води трговски преговори со Тајван

Министерството за надворешни работи на Кина апелираше до Соединетите Американски Држави да не водат трговски преговори со Тајван, јавува Ројтерс.

EPA-EFE

„Кина решително се противи на трговските преговори меѓу САД и Тајван и истакнува дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за цврсто да ги заштити својот суверенитет, безбедноста и развојните интереси“, соопшти министерството за трговија на Кина.

Тајван и САД претходно објавија дека ќе почнат трговски преговори во рамки на новата иницијатива.

„Политиката „една Кина“ е предуслов за учество на Тајван во економска соработка со странство“, кажа портпаролката на министерството Шу Јуетинг на редовната конференција за новинарите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе