Кина: Америка е „главен двигател“ на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече Соединетите Држави „главен двигател" на украинската криза, обвинувајќи го Вашингтон дека со проширувањето на НАТО ја втера Русија во ќош.

Фото: ЕПА

Џанг Ханхуи, кинескиот амбасадор во Москва, во интервју за агенцијата ТАСС, ги обвини САД дека  ја втераа Русија во ќош со постојаното проширување на НАТО и со поддршката на проевропските сили во Украина на сметка на оние што ѝ се лојални на Москва, пренесе Ројтерс.

„Како иницијатор и главен поттикнувач на украинската криза, Вашингтон не само што ѝ воведе на Русија санкции без преседан, туку и продолжува да ја снабдува Украина со оружје и воена опрема“, рече Џанг.

„Крајната цел е да се исцрпи и уништи Русија со долготрајна војна и најстроги санкции“, додаде амбасадорот.

Џанг, исто така, истакна дека кинеско-руските односи „влегоа во најдобриот период во историјата, со највисоко ниво на меѓусебна доверба и интеракција и со најголема стратешка важност“.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претседателот Си Џинпинг во Пекинг во февруари, кога го поздравија „стратешкото партнерство кое не познава граници“.

Џанг ја осуди неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван и рече дека американскиот претседател, со тактиките што ги користи во Украина и Тајван, сака „да го оживее менталитетот на Студената војна, да ги заузда Кина и Русија и да предизвика ривалство и конфронтација на големите сили“.

„Немешањето во внатрешните работи е најфундаменталниот принцип за одржување на мирот и стабилноста во нашиот свет“, рече Џанг, применувајќи го принципот да ја критикува политиката на Вашингтон за Тајван, но не и руската инвазија на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе