Нема здравствени проблеми

Ким Џонг Ун имал 140 килограми, сега ослабел околу дваесет

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изгубил околу 20 килограми откако претходно имал 140, но изгледа нема здравствени проблеми, јави разузнавачката агенција на Јужна Кореја.

EPA-EFE

Извештајот на Националната разузнавачка служба (НИС) за време на седница на парламентот зад затворени врати ги отфрла гласините дека Пјонгјанг користел двојник на Ким за време на неодамнешен јавен настап, соопшти пратеник од владејачката Демократска партија за медиумите, пренесува агенцијата Јонхап.

Според пратеникот, НИС ја направил проценката по спроведување на детална анализа на здравствената состојба на севернокорејскиот лидер со користење вештачка интелигенција и други научни методи.

Здравјето на Ким е честа тема на шпекулации поради политичките процеси во случај да не е во можност да ја врши својата должност, бидејќи сè уште не се знае кој би можел да биде негов наследник.

Според извештајот, Ким годинава спроведувал јавни активности 70 дена, што е за 45 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, соопштил НИС.

Тој ги отстранил портретите на своите татко и дедо, поранешните лидери Ким Џонг Ил и Ким Ил Сунг, од позадината на официјалните состаноци, што укажува на излегување од сенката на своите претходници.

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, имала јавни активности во 34 наврати годинава, двојно повеќе од лани, и ги надгледува односите на Пјонгјанг со Јужна Кореја и САД, а НИС наведува дека тајно патува во провинциите каде го проверува животот на луѓето и му ги пријавува информациите на својот брат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе