Киев предупредува дека руските сили повторно ќе го нападнат Харков: „Трупаат голем број војници и опрема“

Русија повторно трупа луѓе и опрема во близина на својата граница наспроти Харков за можен напад на вториот по големина град во Украина, предупреди генералот одговорен за одбраната на градот.

EPA-EFE

Бригадниот генерал Сергеј Мелник, командантот на воениот гарнизон во Харков, кажа за британски Телеграф дека Русите редовно гаѓаат со тенковски гранати и испраќаат дронови камикази преку границата откако минатиот месец се повлекоа од позициите северно од градот.

„Ситуацијата е далеку од мирна. Од другата страна на границата трупаат голем број војници и опрема. Што ќе прават понатаму, сè уште не знаеме. Можеме само да нагаѓаме – или ќе тргнат во правец на Харков во втор ешалон или кон Доњецк. Кога ќе почнат да се движат и кога ќе формираат борбени позиции, ќе знаеме каде одат“.

Тоа би можело да значи дека делумната мобилизација на Русија дава подобри резултати отколку што многу западни аналитичари сугерираа.

Многу набљудувачи на војната во Украина тврдеа дека на регрутите и резервистите ќе им бидат потребни два до три месеци да стигнат на боиштето бидејќи треба да се обучат, опремат и на крај, да се интегрираат во единици. Сега извештаите од Русија покажуваат дека голем број воени обврзници се испратени во единиците на фронтот со само ден обука.

Украинскиот генерал вели и дека руските сили претрпеле големи загуби, но дека се очекува дека Русите би можеле да ги растурат резервистите меѓу овие единици за да ги намалат ризикот од евентуален бунт.

„Ако мислите дека мобилизираните резервисти се собираат во една бригада, многу се лажете“, смета Мелник.

„Руската 200-та бригада која стоеше кај Харков има 40 или 50 отсто загуби. Така што ќе ги дополнат тие 50 отсто. А потоа остатокот од мобилизираните ќе го распоредат меѓу другите борбени единици. Ако се обидат да избегаат, ви гарантирам дека ќе им пукаат во глава на првиот и вториот и третиот. Тоа ќе биде масакр за сите мобилизирани кои сакаат да избегаат од оваа војна“.

„Заканата останува. Знаете колку е (рускиот претседател Владимир) Путин амбициозен. Мислите дека ќе ја заборави горчината предизвикана од неговиот пораз во овој регион? Мислам дека нема“, вели Мелник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе