Киев објави нацрт на безбедносен договор, Медведев го оцени како „вовед во трета светска војна“

Кабинетот на украинскиот лидер Володимир Зеленски објави нацрт на Киевскиот договор за безбедноста, нацрт документ за давање меѓународни гаранции на Киев.

EPA-EFE

Како што се наведува, документот го претставиле шефот на кабинетот на претседателот на Украина Андреј Ермак и поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Во подготовката на нацрт документот учествувале и западни експерти, вклучувајќи поранешни и актуелни политичари.

И покрај претходно изнесените предлози, украинскиот документ не предвидува ни неутрален статус на Киев, ни учество на Русија како гарант на безбедноста на земјата.

„Безбедносните гаранции треба да бидат јасно формулирани, тие ќе опишуваат низа обврски кои ќе ги преземе групата гаранти заедно со Украина. Тие треба да бидат обврзувачки за извршување врз основа на билатерални договори, но обединети во рамки на заедничкиот документ за стратегиско партнерство наречен Киевски договор за безбедноста“, се наведува во документот.

Како што е прецизирано, договорот може да ги обедини „главната група земји сојузнички и Украина“.

„Таа група земји би можела да ги вклучува САД, Британија, Канада, Полска, Италија, Германија, Франција, Австралија, Турција, како и земјите од северна Европа и балтичките земји, земјите од централна и источна Европа“, се наведува во документот.

Украинскиот нацрт на безбедносните гаранции предвидува странски инвестиции во воено-индустриската база на Украина, масовно предавање оружје и разузнавачки податоци.

„Најголемата безбедносна гаранција за Украина е нејзината способност да се брани. За тоа се потребни долгорочни стабилни вложувања во одбранбено индустриската база на Украина, голема испорака на оружје и разузнавачки податоци од сојузниците, поинтензивни мисии на обука и заеднички воени вежби под покровителство на ЕУ и НАТО“, прецизирано е во документот.

Нацрт документот предвидува и обуки и воени вежби во Украина со ангажирање странски инструктори и советници.

„Користејќи ги националните и мултинационалните воени вежби на земјите на ЕУ и НАТО, украинските оружени сили ќе минат обука по НАТО стандардите и во размер неопходен за формирање ефикасни сили за одбрана на својата територија и резервни сили“, се истакнува во текстот.

„Безбедносните гаранции не го заменуваат тежнеењето на Украина да се зачлени во НАТО. Таа желба е содржана во украинскиот устав и претставува суверена одлука на Украина. Исто така Украина се стреми и кон членство во ЕУ. Зачленувањето во НАТО и ЕУ значително ќе ја зајакне безбедноста на Украина во долгорочна перспектива. Гаранциите, кои се денес скицирани, на никој начин не ја поткопуваат таа цел“, се наведува во документот.

Земјите кои ќе ги потпишат украинските безбедносни гаранции ќе бидат должни да ѝ пружат на Украина воена помош во случај на агресија против неа, се наведува во нацрт документот.

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев остро го критикуваше нацртот на безбедносните гаранции за постконфликтна Украина на Киев, предупредувајќи дека неговата примена ќе стане „увертира за трета светска војна“. Медведев порача дека претставениот проект е всушност еднаков на проширување на воената заштита на НАТО над Украина. Тој предупреди дека ако членките на воениот блок не престанат да му испраќаат оружје на Киев, конфликтот би можел да прерасне на следно ниво, да стане помалку предвидлив и дека може да вклучи сè повеќе земји.

„Тогаш луѓето од западните земји нема да можат да седат во своите чисти куќи и станови, смеејќи се како ја слабеат Русија користејќи марионети. Сè околу нив ќе се запали. Нивните граѓани ќе го добијат својот дел од неволјите. Земјата буквално ќе гори и бетонот ќе се топи околу нив“, предупреди Медведев. Истовремено, поранешниот руски претседател призна дека сите вмешани земји, вклучувајќи ја и Русија, ќе бидат во неволја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе