Русија

Каспаров и Ходорковски се ставени на списокот на странски агенти

Поранешниот шампион во шах Гари Каспаров и поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, кои сега живеат во егзил како противници на рускиот претседател се прогласени за „странски агенти", соопшти руското Министерство за правда.

Фото: ЕПА

Оваа навредлива етикета слична на „непријател на народот“ од советската ера, се користи во денешна Русија за оцрнување на противниците, новинарите и активистите за човекови права кои Кремљ ги обвинува дека се занимаваат со активности финансирани од странство.

„Странските агенти” се изложени на бројни притисоци, долги судски процеси, санкции и затворски казни. Тие се должни да го наведат својот статус во сите публикации.

Во ажурираниот список објавен на веб-страна на руското Министерство е правдено дека Михаил Ходорковски (58) и Гари Каспаров (59) имаат „извори“ во Украина за финансирање на нивните активности.

Поранешниот шампион во шах Каспаров долго време се противи на политиката на претседателот Владимир Путин.

Ходорковски беше еден од најсилните претприемачи во Русија во деведесетите години додека не влезе во политички судир со Кремљ кога Путин дојде на власт во 2000 година.

Михаил Ходорковски помина десет години во затвор, од 2003 до 2013 година и оттогаш живее во егзил. Со години ја финансираше опозициската организација Отворена Русија, која се распушти во мај 2021 година под зголемен притисок од руските власти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе