Кардинал антиваксер заврши на интензивна со ковид. Папата: Тоа е иронија на животот

Папата Франциско им се обрати на новинарите на летот од Словачка за Италија и го коментираше отпорот кон вакцините што постои и во врвот на Католичката црква.

Фото: ЕПА

Тој рече дека не може да објасни зошто некои кардинали се скептични за вакцината против ковид-19.

„Ова е невообичаено со оглед на тоа што човештвото има историја на пријателство со вакцините“, рече папата Франциско, кој и самиот е вакциниран против ковид.

Тој рече дека еден кардинал кој не бил вакциниран завршил на интензивна нега откако се заразил со коронавирусот. Тој не го именуваше, но алудираше на американскиот кардинал Рејмонд Бурк, познат по своите антиваксерски ставови.

Бурк, пред да заврши на интензивна нега, зборуваше дека вакцините се развиени „користејќи клетки од абортирани фетуси“ и дека при вакцинирањето „под кожата се става некој вид микрочип со помош на кој државата ве контролира“.

„Дури и меѓу кардиналите ги има оние кои ги негираат вакцините. Еден од нив, кутар човек, заврши во болница поради вирусот. Тоа е една од ирониите на животот“, рече папата Франциско.

Тој додаде дека речиси сите во Ватикан се вакцинирани и сега „размислуваат како да им помогнат“ на оние кои остануваат скептични во врска со вакцината.

„Како деца, сите бевме вакцинирани против детска парализа и мали сипаници и тогаш никој не се противеше“, додаде папата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе