Трудо рече дека Кина ги „изиграла“ западните земји така што тие се натпреваруваат една со друга за пристап до економските можности во таа земја.
„Ние се натпреваруваме и Кина, од време на време, многу паметно ќе нѐ изигра на отворен пазарен, конкурентен начин“, рече тој во интервју за телевизијата Глобал, пренесува Ројтерс.
Канадскиот премиер порача и дека Западот мора подобро да соработува и да биде поцврст за Кина, како што рече, да не бара начини со лукавство да добие предност и да ги сврти западните земји една против друга.
Во почетокот на овој месец Канада објави дека ќе им се придружи на сојузниците во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година, со цел да испрати порака до Кина поради непочитувањето на човековите права во таа земја, наведува Ројтерс.