Кадиров тврди дека руските сили се веќе во центарот на Лисичанск

Лидерот на руската Чеченска Република Рамзан Кадиров тврди дека руските сили и припадниците на милицијата на самопрогласената Луганска Народна Република влегле во центарот на Лисичанск, град на истокот на Украина околу кој во изминатите недели се водеа жестоки борби.

EPA-EFE

„Лисичанск е наш! Сојузничките сили се веќе во центарот на градот!“, напиша Кадиров на Телеграм, а пренесуваат руските агенции.

Кадиров додаде дека во тек е чистење на градот од украинските сили, како и од експлозивни направи.

Претходно денес Кадиров и претставникот на народната милиција на бунтовничката Луганска Народна Република Андреј Марочко изјавија дека Лисичанск е целосно опколен и дека се блокирани украинските единици кои се наоѓаат во градот.

Лисичанск е последниот голем град во регионот на Луганск кој беше под контрола на украинските сили. Минатата недела падна градот Северодоњецк, откако украинските сили се повлекоа за наводно подобро да го бранат Лисичанск. Заземањето на Лисичанск ѝ овозможува на руската војска да напредува кон Словјанск и Крематорск, два други голами града во индустриската зона Донбас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе