Кадиров: Русија во Украина се бори против НАТО

Русија во Украина се бори против НАТО, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

EPA-EFE

„Не се бориме против Украина, туку против НАТО. НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, таму се нивни платеници“, кажа Кадиров.

„Затоа оваа борба не е лесна, но е добро искуство. Уште еднаш ќе докажеме дека Русија не може да биде поразена“, кажа чеченскиот лидер. Тој истакна дека Украина одамна ќе била „исчистена“ доколку рускиот претседател Владимир Путин не наредел да се сочуваат градовите и населението.

„Доколку рускиот претседател не дадеше наредба, колку е можно повеќе, да се зачуваат населението и градовите, одамна ќе ја исчистевме Украина“, кажа Кадиров. Додаде дека тие се „обединета оружена сила“ и дека „немаат никакви проблеми“. Ја повтори тезата за „чистење“ на Украина, што често може да се слушне од Русија за војната.

Политичкиот врв на Русија од почетокот на инвазијата кажува дека се води „специјална воена операција“ за да се „заштитат луѓето во источна Украина кои се мета на насилство и геноцид од страна на режимот во Киев во последните осум години“. Затоа, како што велат, спроведуваат „демилитаризација и денацификација“ на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе