„Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Не! Дали имаат чест? Не! Дали имаат чувство за достоинство? Не! Дали имаат некакви морални вредности? Не!“, напиша тој.
Тој додаде дека е особено изненаден од „некои мажи на Кавказ“.
„Луѓе, мислите дека бегате од смртта?“, пишува понатаму Кадиров и додава дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.
„Конечно разберете дека со помош на фашистите кои делуваат во Украина, тие сакаат да ја уништат нашата земја. А тоа значи дека нашата Мајка татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била загрозена во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја“, порача чеченскиот лидер преку Телеграм.
Тој додава дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.
„Ви давам збор, ако ние не ги браниме нашите интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси. Ќе ги изгубиме и суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе дојдат во сите наши домови. Одлучете сами за себе, а ние, Чеченците, ќе ја браниме нашата држава и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата“, рече Кадиров.