Испрати сочувство до семејството

Кадиров го осуди убиството на наставникот во Париз, велејќи дека нечесно се обвинуваат Чеченците

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, го осуди терористичкото убиство на наставникот во Париз и му испрати сочувство на семејството, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

На францускиот наставник по историја кој со своите ученици дискутирал за карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед, 18-годишен напаѓач, Чеченец, роден во Москва, во петокот на улица во париско предградие го обезглави, а полицијата набрзо го уби напаѓачот. Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди како „исламистички тероризам“.

Како одговор на убиството, лидерот на Чеченија објави дека „силно се спротивставуваме на тероризмот во каква било форма, но ве повикувам да не ги провоцирате верниците или да ги навредувате нивните верски чувства“.

Тој исто така изјави дека „ова не е прв пат Франција да се обиде да ги обвини Чеченците за сите свои проблеми. Ве уверувам дека Чеченците не се дел од нив“, напиша Кадиров и додаде дека осомничениот во поголемиот дел од својот живот бил во Франција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе