Кадиров го нападна Западот, им се закани на Украинците: Овие кучиња ќе го добијат тоа што го заслужуваат

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм го нападна Западот и жестоко им се закани на украинските војници кои, како што тврди Москва, извршиле воени злосторства над руски заробеници.

EPA-EFE

Тој порача дека на снимката која кружи на социјалните мрежи „јасно се гледа како украинските националисти во селото Макеевка ладнокрвно ги стрелале руските воени заробеници кои пред тоа доброволно го положиле оружјето“.

„Не ли треба да се каже дека тоа е директно кршење на сите меѓународни конвенции кои повикуваат на стриктно почитување на пропишаните норми на војување? Меѓутоа Западот, во карактеристичното лицемерие, молчи на оваа тема“, порача Кадиров.

Потоа ги нападна украинските војници кои го извршиле злосторството.

„Не само што го извршиле злосторството, тие послушници на Сатаната потоа цинично ја објавија снимката на мрежите, чувствувајќи апсолутна неказнивост“, напиша Кадиров.

„Сигурен сум дека на одмазда за извршеното злосторство нема долго да чекаат. Ќе дадеме сè од себе за овие кучиња од пеколот да го добијат тоа што го заслужуваат, а оние кои некако ќе успеат да избегнат казна се осудени остатокот од својот беден живот да го проживеат загрижено вртејќи се околу себе. Тие не заслужуваат никакви права ниту норми“, порача чеченскиот лидер.

Потоа повторно се врати на Западот.

„Зошто светската заедница молчи? Каде се портпаролите на западните демократии кои повикуваат на почитување на правата? Зарем навистина не ги забележуваат сите тие грозотии? Нормално, тие тоа многу добро го гледаат, но избегнуваат публицитет бидејќи киевскиот режим во очите на народот треба да изгледа како демократска оаза со лошата Русија во позадина“, напиша Кадиров.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе