Кадиров: Да бев на местото на Путин одамна ќе ја заземев Украина

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека Соединетите Американски Држави ја користат Украина за на нејзина територија да постават воена база, додавајќи дека, да е на местото на рускиот претседател Владимир Путин, „одамна би ја зазел Украина“.

EPA-EFE

Кадиров истакна дека Украина е најблискиот сосед на Русија и дека станува збор за словенски народи, пренесува РИА Новости.

Според него, Америка не прави ништо добро за Украина, туку ѝ е потребна држава во која ќе постави своја воена база.

„Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават на тоа, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки“, кажа Кадиров.

Додаде дека, да е на местото на Путин, „одамна би ја зазел Украина, би поставил таму трупи и би воспоставил ред“.

„Ако Америка или некој друг мисли дека е можно да ја уништи Русија или да ја заземе и да ја фрли нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи“, истакна чеченскиот лидер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе