Ги повика сите муслимани и христијани на борба

Кадиров: „Алаху акбар, сонувам јас и моите деца да умреме во оваа света војна“ (ВИДЕО)

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во, како што рече, „светата војна“ против Украина и рече дека сонува да умре во неа, заедно со своите деца.

„Ги повикувам сите муслимани, сите белци во Чеченија, ајде да направиме баталјони заедно. Јас ќе ве снабдувам, ќе ве облекувам, ќе ве вооружам... Мора да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, на Куранот, државата, суверенитетот“, вели Кадиров во видеото во кое самиот се снима додека лежи на кауч.

„Кои сте вие ако денес не застанете против тие шакали, против сатанистите, против фашизмот?“, прашува чеченскиот лидер и додава дека секој татко и мајка треба да ги дадат своите синови за да ги одбранат интересите на муслиманите и на христијаните.

„Разбудете се, бидете муслимани, мажи (...) Ние треба без оружје едноставно да ја освоиме оваа европска земја сѐ додека не клекнат на колена и молат за прошка. Ова е света војна. Јас сонувам да умрам во неа, моите деца да умрат во оваа војна. Но ќе умреме дури откако ќе ве уништиме вас. Алаху акбар, силата на победата е со нас“, вели тој.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе