Качински: Германците денес по мирен пат сакаат да го постигнат она што некогаш го сакаа преку војна

Лидерот на полската владејачка десничарска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, ја обвини Германија дека сака да доминира во Европа. Денеска Германците сакаат по мирен пат да го постигнат она што некогаш сакаа да го постигнат со воена сила, изјави вчера Качински во градот Легница на југот на Полска.

Фото: ЕПА

Но, силата на Европа лежи во различноста и суверенитетот на земјите-членки, рече тој, додавајќи дека верува дека „ситуацијата во која втората по големина земја во ЕУ сака да доминира во Европа е пат кон криза и катастрофа“. Качински (73) нема никаква функција во владата, но важи за влијателен играч во полската политика.

Полска следната есен избира нов парламент, а рејтингот на актуелната влада на ПиС неодамна падна поради високата инфлација. Во своите говори низ јужниот полски округ Долна Шлезија, Качински веројатно се обидува да ги придобие гласачите со антигерманска реторика.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе