Јужна и Северна Кореја ја обновија комуникацијата

Јужна и Северна Кореја ја обновија комуникацијата, а лидерите на двете земји се согласија да ја вратат довербата и да ги подобрат односите, објави во вторникот владината канцеларија во Сеул.

EPA-EFE/KCNA

Севернокорејскиот државен медиум КЦНА исто така објави дека сите меѓукорејски комуникациски канали повторно се отворени во вторник во 10 часот во согласност со договорот на лидерите.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од април размениле повеќе писма и се договориле за повторно воспоставување на директна телефонска линија, соопштено е од канцеларијата на јужнокорејската влада.

Северна Кореја ја прекина оваа „жешка линија“ во јуни 2020 година, бидејќи прекуграничните врски се укинати по неуспешниот втор самит во февруари 2019 година помеѓу Ким и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на кого Мун му понуди да посредува.

Мун повика на обновување на „жешката линија“ и на разговори, положувајќи големи надежи во американскиот претседател Џо Бајден да ги рестартира преговорите со цел демонтирање на нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KCNA

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе