„Потврдувам дека ќе ја укинеме суспензијата на каналот на Доналд Трамп кога ќе утврдиме дека опасноста од насилство се намалила“, изјави Војцицки во разговор за Атлантик кансил.
Поранешниот американски претседател беше блокиран од големите интернет платформи по упадот во Капитол бидејќи наводно ги поттикнувал своите поддржувачи на насилство.
Неговата омилена мрежа Твитер доживотно го исфрли, Фејсбук го блокираше на „неодредено“ време, а надзорниот совет треба да одлучи за неговото евентуално враќање.