„Врвот на американската администрација има големи очекувања“

Јеремиќ: Вучиќ договорил членство на Косово во ОН

Претседателот на српската Народна партија Вук Јеремиќ изјави во Вашингтон дека претседателот на Србија Александар Вучиќ „договорил членство на Косово во Обединетите нации“ и дека врвот на американската администрација има големи очекувања од Белград и Приштина непосредно по изборите во Србија закажани за 26 април.

„До изборите во Србија не, но по изборите имаат големи очекувања. Бидејќи високиот американски претставник Ричард Гренел, кој доби исклучително висока фукнција да ги надгледува сите разузнавачки служби на САД, реши да остане вклучен во процесот (на преговори за Косово), мојот заклучок е дека тој и врвот на американската администрација очекуваат дека Белград и Косово ќе склучат договор до ноември. Кога им го изнесов моето мислење на соговорониците во Вашингтон, ниеден не кажа дека не се сложува“, кажа Јеремиќ за Војс оф Америка.

Јеремиќ во Стејт департментот разговарал со претставници на администрацијата на САД, а имал и средби со конгресмени и сенатори.

На прашањето дали знае што е договорено за Косово и Метохија, Јеремиќ кажа дека американските соговорници не му го кажале тоа и дека би било „некоректно да ги пренесува дури и инсинуациите што му ги пренеле“.

„Моето очекување е дека станува збор за сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, кој подразбира Косово да стане член на ОН“, кажа Јеремиќ.

Тој за претстојните избори во Србија кажа дека „секој кој денес му е вистинска опозиција на Александар Вучиќ во Србија нема да излезе на изборите“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе