Јапонка по втор пат позитивна на коронавирус

Јапонка која работи како туристички водич во Јапонија, по вторпат е позитивна на тестот за коронавирус, во прв ваков случај како што велат надлежните, јави Гардијан.

Жена во 40 години, жителка на Осака во западна Јапонија, во средата е тестирана позитивно откако ѝ се јавиле болки во грлото и градите, соопшти владата.

На 29 јануари за прв пат била позитивна на тестот и откако се опоравила на 1 февруари била пуштена од болница, и на 6 февруари била тестирана негативно.

Министерството за здравство потврди дека случајот е прв таков во Јапонија каде што пациент по вторпат е позитивен на тесот за коронавирус откако веќе бил пуштен од болница, јавуваат јапонските медиуми.

Иако за прв пат во Јапонија, во Кина се забележани случаи на втор позитивен тест. Епидемијата се шири рапидно и нашироко, инфицирајќи околу 80,000 луѓе на глобално ниво и убивајќи речиси 2.800, најмногу во Кина.

„Штом ја имате инфекцијата, може да остане заспана и со минимални симптоми, а потоа може да се влоши доколку го пронајде патот до белите дробови“, рече професорот Филип Тиерно од медицинскиот факултет на Универзитетот во Њујорк.

Тој рече дека многу работи не се знаат за вирусот: „Не сум сигурен дека не се работи за двофазно, како антраксот“, рече тој, што значи дека болеста може да личи дека исчезнала пред да се повтори.

Вториот позитивен тест на жената следел откако бројот на потврдени случаи во Јапонија се зголемил за 16, на 186, покрај 704 дијагностицирани од крузерот „Дијамантска принцеза“.

Токио повика големите собири и спортски настани да се откажат или ограничат за две недели за да се намали ширењето на вирусот, додека Олимписките игри во 2020 година ветуваат дека сепак ќе се одржат.

Јапонија ја смени својата стратегија, во обид да го забави ширењето и да го минимизира бројот на смртни случаи, вклучително и со затворање на училиштата во погодените области.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, на денешниот состанок со работната група на владата за спречување на ширењето на новиот коронавирус, изјави дека владата од сите основни и средни училишта ќе побара да бидат затворени од 2 март до пролетната пауза, обично кон крајот на март, пренесе Ројтерс.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе