Јапонија се приклучува на напорите на Г7 да се прекине увозот на руска нафта

Премиерот на Јапонија Фумио Кишида изјави дека неговата земја постепено ќе престане да увезува руска нафта и на тој начин изрази единство со одлуката на Групата седум (Г7) најразвиени земји поради руската инвазија на Украина.

Фото: ЕПА

За време на вчерашната виртуелна средба, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, шефовите на владите и земјите од Г7 ја повторија својата посветеност да преземат нови мерки за помош на Украина и обезбедување на нејзината слободна и демократска иднина, како и за борба против идните форми на агресија, се наведува во текстот.

„Тоа е исклучително тешка одлука за земја што главно се потпира на увоз на енергија, вклучително и нафта“, изјави денеска Кишида, нагласувајќи: „Но единството на Г7 е најважно во моментов“.

Кишида рече дека тоа ќе биде постепен и бавен процес на откажување на увозот на руска нафта, а деталите и временската рамка ќе бидат решени подоцна, бидејќи тоа бара обезбедување алтернативни извори на енергија.

Околу четири отсто од увозот на нафта во Јапонија доаѓаат од Русија.

Јапонија најави и постепено укинување на рускиот увоз на јаглен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе