Еурактив

Јанез Јанша, обожавателот на Виктор Орбан, номиниран за премиер на Словенија

Централнодесничарската Словенечка демократска партија (СДС), предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, доцна во вторникот се договори за идна владина коалиција со три други партии, соопштија четирите партии.

Антиимиграциската СДС (разгранок на ЕПП) формираше мнозинска коалиција со централнолевичарската Партија на современиот центар (СМЦ), конзервативната Нова Словенија и партијата за пензионери Десус.

Претседателот Борут Пахор денеска го номинира Јанша на функцијата премиер, за да го замени премиерот на десниот центар во заминување, Марјан Шарец, кој даде оставка минатиот месец. Се очекува Јанша следната недела да биде одобрен од парламентот.

Четирите партии имаат 48 од 90 места во парламентот, но еден член на СМЦ рече дека нема да поддржи влада предводена од Јанша.

„Преговорите (коалициони) беа тешки... но на крајот успеавме да се согласиме за основните, клучни точки со кои сакаме да го вратиме импулсот во Словенија и да го свртиме нејзиниот развоен циклус“, им рече на новинарите Анже Логар, член на парламентот и шеф на советот на СДС.

Тој рече дека некои од главните задачи на новата влада ќе бидат подобрување на неефикасниот словенечки национален здравствен систем и претседателствувањето со Европската Унија во втората половина на 2021 година.

Јанша (61) ја предводеше словенечката влада од 2004 до 2008 година и од 2012 до 2013 година. Откако ќе биде потврден како премиер, тој ќе има 15 дена за да формира влада. Се очекува парламентот да ја потврди новата влада до крајот на март.

Јанша е обожавател на унгарскиот премиер Виктор Орбан, вели Еурактив.

Шарец, кој ја предводеше првата малцинска влада во словенечката историја, поднесе оставка по 16 месеци на власт, бидејќи на неговиот кабинет немаше доволно поддршка во парламентот за спроведување на еден важен закон.

Следните редовни избори треба да се одржат кон средината на 2022 година.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе