Израелските лидери отворија нуклеарен бункер во војната против коронавирусот

Израелската влада отвори воен бункер во ридовите на Ерусалим за помош во координацијата на нивната кампања против ширењето на коронавирусот, соопштија денес израелските власти.

Бункерот, наречен „Национален центар за управување“, бил изграден пред повеќе од една деценија поради нуклеарната програма на Иран и размената на ракети со либанското исламистичко движење Хезболах или палестинската милитантна група Хамас.

Според израелските власти, вклучува простории за живеење и командни објекти и може да им се пристапи од владиниот комплекс во Ерусалим и западното подножје кое води до Тел Авив.

Бункерот „е друга алатка за управување, контрола, надзор и следење“ на коронавирусот, рече израелски службеник кој побара анонимност. „Ние разбираме дека оваа криза ќе нè следи подолг временски период“, пренесе Ројтерс.

Министерот за одбрана Нафтали Бенет за време на прес-конференцијата за Израелското радио го минимизираше потегот велејќи дека бункерот „не е толку важен (за кризата). Не сме под ракетен напад за да бидеме под земја“.

Министерот за енергетика Јувал Штаиниц во интервју за радио станицата Тел Авив 102 ФМ се пошегува дека бункерот сега нема толкава корист бидејќи „штити од бомби, но не и од микроби“.

Израел објави 2.666 случаи на коронавирус и осум смртни случаи. Откако ги ограничи движењата на луѓето како претпазливост, премиерот Бенјамин Нетанјаху во средата рече дека во рок од неколку дена ќе се воведе карантин на национално ниво.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе