Израелски војници убиле Палестинец на Западен Брег

Еден Палестинец е убиен денеска со куршум од израелско огнено оружје на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Фото: ЕПА

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските војници го убиле Садам Хусеин Бени Одех (26) на влезот во Тамун, град во близина на северниот град Наблус, пренесува АП.

Многу Палестинци му се восхитуваа на покојниот ирачки водач Садам Хусеин, кој го нападна Израел со ракети СКУД за време на првата Заливска војна во 1991 година и ги именуваа своите деца по него.

Околностите на ова убиство не се јасни, а израелската армија засега не го коментира инцидентот.

Израелските безбедносни служби, војската и полицијата, често спроведуваат рации и апсења на окупираниот Западен Брег, дури и во областите контролирани од Палестинската управа, меѓународно признаен ентитет со ограничена автономија.

Палестинците често фрлаат камења или запаливи бомби врз израелските патроли, кои возвраќаат со огнено оружје.

Во последните месеци на Западниот Брег е забележан пораст на насилството, а минатата недела Израелците убија 13-годишно палестинско момче како одговор на Палестинците што фрлаа камења.

Речиси 500.000 еврејски имигранти живеат во повеќе од 130 населби раштркани низ Западниот Брег.

Палестинците ги гледаат еврејските населби како главна пречка за создавање одржлива палестинска држава покрај Израел, што сè уште се смета за единствен начин за решавање на конфликтот на меѓународно ниво.

Поголем дел од меѓународната заедница верува дека еврејските населби се нелегални, додека Израел тврди дека Западниот Брег е библиското и историско срце на еврејскиот народ.

Премиерот Нафтали Бенет е силен застапник на еврејските населби, се спротивставува на палестинската држава и нема покажано интерес за оживување на запоставениот мировен процес.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе