Израелската војска: Воени команданти на Исламски џихад се неутрализирани во Газа

Главни воени команданти на Исламски џихад во Газа се неутрализирани во последните два дена во воздушните напади на израелската војска на таа оружена палестинска група, соопшти синоќа израелската војска (ИДФ).

EPA-EFE

„Водачите на военото крило на Исламски џихад во Газа се неутрализирани“, кажа Одед Басиок, началник на управата за воени операции на Израел во соопштение испратено до Франс прес.

Во израелската операција во Газа се убиени над 20 луѓе, меѓу кои шест деца, соопштија властите на палестинската енклава.

Овој нов судир на израелската војска и оружените групи во Газа кој почна во петокот е најлош од мај 2021. Израелските власти тврдат дека неколку палестински деца загинале синоќа во Џабалија, на северот, од заталкана ракета која Исламски џихад, а не ИДФ, ја испукал на Израел.

„Израелските безбедносни сили не ја гаѓаа Џабалија во последните неколку часа“, се истакнува во соопштение на кабинетот на израелскиот премиер Јаир Лапид.

Новинари на Франс прес виделе во болница во Џабалија тела на шест лица, меѓу кои три деца. Израелската војска вчера соопшти дека се подготвува за една недела воздушни напади на Газа, пред сè на Исламски џихад. Тврди дека убила 15 борци на милитантната група, меѓу кои и главниот командант Таџсир ал Џабари.

„Битката допрва почнува“, кажа претходно Мохамед ал Хинди, лидерот на оружената група која ја ракетира израелската територија.

Египетски извори кажале за Франс прес дека Каиро, долгогодишен посредник меѓу Израел и оружените групи во Газа, се обидува да организира примирје. Египетските претседател Абдел Фатах ал Сиси кажа во говор дека неуморно работи за да се врати мирот.

Но на терен размената на оган продолжи и доцна синоќа. „Израел во моментов не преговара за примирје“, кажа портпаролот на ИДФ.

Израелската војска почна во петокот да извршува воени напади врз енклавата со 2,3 милиони жители во рамки на „превентивен напад“ врз Исламски џихад. Израелските сили покрај тоа на Западниот брег, територија под израелска окупација од 1967, уапсиле 19 припадници на групата која Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка.

Лапид истакна дека ова е таргетирана антитерористичка операција против непосредната закана од Исламски џихад, продолжена рака на Иран „која сака да убива невини Израелци“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе