Израелската војска се подготвува за акција против Иран

Началникот на генералштабот на оружените сили на Израел Авив Кохави изјави дека наредил да се забрзаат подготовките за можна офанзивна акција против Иран.

EPA-EFE

Тој ја предупредил администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден да не се враќа во нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.

Израел остро се противи на тој договор со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за ублажување на острите економски санкции, тврдејќи дека не го спречува Иран да развие нуклеарно оружје.

Израелските лидери го поздравија повлекувањето на администрацијата на Доналд Трамп, претходникот на Бајден, од договорот во 2018 година.

Бајден најави дека ќе го заживее договорот со одредени измени, а генерал-потполковникот Кохави оцени дека тоа е „лошо и оперативно и стратегиски“.

„Да му се дозволи на Иран да ја продолжи нуклеарната програма би била неприфатлива закана и би довело до ширење на нуклеарното оружје во целиот регион“, оцени Кохави.

Техеран тврди дека нуклеарната програма служи исклучиво за мирнодопски цели.

Кохави кажа, имајќи ја превид заканата која ја претставува Исламска Република Иран, дека израелската војска ќе биде спремна самата да ја нападне ако е потребно.

„Ѝ дадов инструкции на војската да подготви повеќе оперативни планови покрај постоечките. Водиме сметка за тие планови и ќе ги развиеме во следната година. За нивното спроведување нормално одлучуваат политичките лидери. Но, тие планови мора да бидат спремни“, кажа командантот на израелската војска.

Само неколку часа пред да зборува Кохави за тоа во Институтот за национални безбедносни студии, Иран го повика Бајден да го врати Вашингтон во нуклеарниот договор, предупредувајќи дека таквата можност нема долго да постои, според портпаролот на иранската влада Али Рабиеи.

Израелските функционери, вклучувајќи го Кохави, велат дека Иран е во многу послаба позиција отколку во 2015, поради санкциите кои ги воведе администрацијата на Трамп, и дека новиот договор би морал да ја опфаќа и иранската ракетна програма за проектили со долг дострел како и поддршката на непријателите на Израел низ регионот.

Иранските ракети имаат дострел од 2.000 километри што е доволно да стигнат до Израел и до американските бази во регионот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе