Израел прифати прекин на огнот во Газа

Израел прифатил прекин на огнот во Газа од ноќеска на предлог на Египет, пренесуваат израелските медиуми, откако Израел гаѓаше палестински цели во Газа за време на викендот, а милитантите возвратија со ракети врз израелските градови.

EPA-EFE

Египетски безбедносен извор кажа дека Израел се сложил со прекин на огнот. Тој треба да стапи на сила во 20 часот по средноевропско време. Каиро сè уште го чека палестинскиот одговор. „Израелската страна прифати прекин на огнот“, изјави египетски функционер кој сакал да остане анонимен, но не дал прецизна временска рамка на прекинот на огнот.

Прекинот на огнот е постигнат со посредување на Каиро. Египет е првата арапска земја која со Израел потпиша мир во 1979 година. Во меѓувреме продолжува најжестокиот судир меѓу Исламски џихад и Израел од кратката војна минатата година. Разгорувањето на конфликтот кој потсетува на воведот во претходните војни во Газа ги загрижи светските сили.

Меѓутоа, судирот е релативно ограничен бидејќи Хамас, владејачката исламистичка група во Појасот Газа и помоќната сила од Исламски џихад кој е поддржан од Иран, досега остана надвор од конфликтот. Властите во Газа кажаа дека во израелските напади кои траат од петокот загинале 31 Палестинец, од кои најмалку третина цивили, меѓу кои има и деца.

Израелските власти ги оспоруваат овие информации и тврдат дека неколку палестински деца загинале синоќа во Џабалија, на северот, од заталкана ракета која ја испукал Исламски џихад, а не израелската војска.

Ракетите од Газа го парализираа поголемиот дел од јужен Израел и ги испратија жителите во градовите, вклучувајќи ги Тел Авив и Ашкелон во засолништа. Денес Исламски џихад ги прошири нападите кон Ерусалим како одмазда на ноќното убиство на свој командант во јужна Газа, вториот висок офицер кој го изгуби во најновиот судир.

Израел тврди дека од почетокот на својата операција во петок води „превентивен напад“ против Исламски џихад, а убиени се 15 милитанти.

Ова е најлошиот конфликт на еврејската држава и оружените групи во Газа од војната во мај 2021 во која за 11 дена загинаа 260 луѓе на палестинска страна и 14 на израелска. Израел од 2007 година го држи под блокада Појасот Газа, територија со 2,3 милиони жители со која управува Хамас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе