„Мораме да им го олесниме патувањето на оние кои ќе дадат доказ за вакцинирање и сакаме тоа да го направиме со Израел кој е далеку пред нас што се однесува до вакцинирањето“, кажа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во заедничката изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху.
Договорот на израелските туристи ќе им овозможи „да патуваат во Грција без какво било ограничување и без карантин“, додаде Нетанјаху.
Израел во неделата почна да излегува од третиот карантин кој го воведе во декември, но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови кои важат до 20 февруари.
„Зелениот пасош“ ќе се воведе „кога ќе се укинат ограничувањата на патувањата“, кажа израелскиот премиер.
Веднаш по заедничката изјава министрите за туризам на двете земји потпишаа билатерален договор.